Поетска вечер на Ѓорѓо-Димоски во Бар
недела, 24 јули 2011
gorgo1.jpgВечер посветена на македонскиот писател Славе Ѓорѓо Димоски ќе се одржи на Меѓународниот летен фестивал „Барски летопис“ што традиционално се одржува во  Бар.

 

Вечерта е замислена како контактна-поетска, на која присутните ќе можат да слушнат извадоци од најновите книги поезија на Димоски „Мерач на зборови”, „Поле. Бојно поле”, а медијатори ќе бидат Мила Чордашевиќ и Братислав Ташковски.