Културна соработка меѓу Македонија и Хрватска
недела, 10 јули 2011
dubrovnik1.jpgМинистерот за култура на Република Македонија, м-р Елизабета Канческа-Милевска денес во Дубровик, Република Хрватска, оствари билатерална средба со министерот за култура на Р. Хрватска, г. Јасен Месиќ.

На средбата која помина во исклучително пријателска и срдечна атмосфера, беше потпишана и новата Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на РМ и Министерството за култура на Р. Хрватска за периодот 2012-2015 година. Оваа програма моделира правна рамка која ќе им овозможи на институциите и уметниците непречена комуникација, ќе ја стимулира нивната соработка која ќе може да обезбеди реализација на низа заеднички претставувања и проекти.

Министерката за култура Канческа-Милевска изрази особена благодарност до хрватските експерти и Министерството за култура на Република Хрватска, кои  на нашите експерти од областа на нематеријалното културно наследство, во текот на оваа година им помогнаа во  изработката на три апликации за номинирање за впишување во Репрезентативна листа за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО.  

Република Македонија и Република Хрватска имаат традиционалнo одлични релации во областа на културата. Соработката постои во сите дејности и досега е реализирана размена на голем број изложби, концерти, учеството на голем број истакнати хрватски и македонски  уметници на меѓународните манифестации во двете земји.