Во продажба CD-то за песната "Крушево" на Тоше
сабота, 09 јули 2011
tose33.jpgВо продажба е пуштено цедето со песната "Крушево", кое обожавателите на Тоше Проески ќе може да го купат во "Спомен куќата" на трагично починатата ѕвезда и во манастирот "Свето Преображение" по цена од 150 денари. Собраните средства ќе бидат наменети за доизградба на Манастирот. На цедето се наоѓаат македонската и хрватската верзија на темата "Крушево", за која музиката ја направи Тоше, текстот Мирослав Рус, а Никша Братош се погрижи за аранжманот. Песната ја интерпретира легендарниот Раде Шербеџија. Препевот на македонски го напиша Огнен Неделковски