Ејми направи скандал во Белград
недела, 19 јуни 2011
ejmi00.jpg
Британска пејачка Ејми Ванхаус синоќа ја започна својата европска турнеја со скандалозен настап во Белград.
Публиката на Калемегдан ја исвирка Ејми, која во текот на еден час и 11 минути практично не ни запеа.
Работата, сепак, ја “извадил“ американскиот музичар Моби, кој со сјајниот настап ја “дигнал“ белградската публика.

Долго очекуваниот концерт на Вајнхаус, на кој се собрал пола Белград, вклучувајќи го и градоначалникот, Драган Ѓилас, министерот за одбрана, Драган Шутанов, американската амбасадорка, Мери Ворлик и лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се одвивал во настојување на пејачката да остане на нозе и нешто да отпее, а настапот повремено го “ваделе“ момците од бендот. Многу посетители од ВИП ложата го напуштиле концертот уште на почетокот.

Контроверзната Ејми на почетокот ја поздравила Атина, а малку подоцна и публиката во Њујорк, иако било тешко да се разбере што зборува, а како што јавува “Танјуг“ тоа било се’ што правела, зборувала неповрзано и отпеала неколку стихови од своите хитови.

Ејми, околу полноќ, дефинитивно ја напуштила сцената, а била испратена со свиркање.