Цеца лудо го прославила 38-от роденден
четврток, 16 јуни 2011
ceca.jpgЦеца многу весело го прославила својот  38 роденден во куќата на Дедиње. 'Цеца не сакаше да привлече внимание кон себе и да прави забава, па ги повикала само најблиските пријатели. Меѓутоа, како што поминуваше вечерта, а Цеца добиваше се повеќе повици со многу честитки и желби, се најавија многу пријатели што ќе поминат "само на торта", изјавуваат извори.

Цеца приредила вечера за своите гости. Се пиело по некоја чаша вино и се разговарало на убави теми. Меѓу гостите се најдоа Маријана Матеус, Сања Ѓорѓевиќ, кумата на Цеца, Вики Милковиќ, Никола Роквиќ, Ацо Пејовиќ и многу други.


Дека синот на Цеца е сега глава на куќата, зборуваат податоците за тоа дека тој наместо неговата мајка ги завршил сите обврски околу вечерата. Вељко веден момент излегол пред вилата и зборувал со обезбедувањето за последните детали. По неколку минути објаснување, се вратил во куќата за да продолжи со организацијата.