Спот за "Русинката" на Влатко
недела, 13 март 2011
vlatkoilieski.jpgСпотот за евровизиската "Русинка" се одвива во четири соби со врати, преку кои поп-пејачот Влатко Илиевски влегува и излегува од соба во соба.

Првата соба е неговиот дом, каде тој се буди од спиење и влегува во втората соба, која е кафеана, па потоа во третата, која е гаража и четвртата е улица. Собата е неговиот дом, кафеаната е неговото друштво, во гаражата е со бенд, каде вежба музика, а на улица е со танчерите и хармоникашот. "Вест" присуствуваше на еднодневното снимање на "Егзит Б" продукција, завчера во студиото на "Рокенрол".
"Убавината е во едноставноста. Спотот ќе биде готов во понеделник зашто мора да се однесе во Германија, каде ќе се одржи состанок на шефовите на делегациите. Снимен е на сите четири јазици и тоа македоснки, хрватски, руски и англиски јазик, ни изјави Кристијан Стефановски од "План Б" продукција.
Партнерка на Влатко во спотот е манекенката Елена Трајановска од Скопје, а во спотот учествуваат уште 20 статисти.