Брена по 15 години доаѓа во Скопје
сабота, 05 март 2011
brena00.jpgНајголемата балканска фолк ѕвезда Лепа Брена ќе одржи концерт во Скопје, во салата "Борис Трајковски", на 16 април.

Брена во Скопје доаѓа по пауза од 15 години. На крајот на деведесетите таа одржа концерт на тогашниот Градски стадион. Во интервјуто за "Вест" кое излезе преклани во јули, фолк кралицата изјави дека и Скопје е неизбежен дел од нејзината повратничка турнеја. По осум годишната музичка пауза Брена во 2009 годинја го издаде 17-тиот албум "Влези слободно" (Уѓи слободно), и одржа концерт низ цела поранешна Југославија и во дијаспората. Во најава е и нејзина автобиографска книга и документарен филм.
" Кога ќе помислам на Скопје, помислувам на мирисот на липата. Мислам дека липата не мириса никаде така како што мириса во Скопје. Тоа е мојата асоцијација на градот во кој сум пеела многу пати. Однапред и се радувам на средбата со македонската публика, која ме следи и ме сака сите овие години, а имам информација дека мојот последен албум "Влези слободно" (Уѓи слободно) поминал многу забележително", изјави Брена во интервјуто за "Вест".