Почина легендарната Џејн Расел
вторник, 01 март 2011
dejsi.jpgСимболот на Холивуд од 40-те и 50-те години на минатиот век, легендарната американска актерка Џејн Расел, почина во својот дом во Санта Марија во Калифорнија на 89 години,

Расел се прославува во 1943 година со улогата во вестерн филмот „Надвор од законот“, главно истакнувајќи се со своите впечатливи гради. Една од нејзините најпознати улоги е во комедијата „Мажите повеќе сакаат русокоси“ во кој таа игра со секс симболот на следната генерација Мерилин Монро.
На 60-годишна возраст Расел повторно го привлече вниманието од телевизиските екрани со реклами за градници.