Меѓународно признание за Раде Силјан
понеделник, 06 декември 2010
rade99.jpgЕминентниот македонски поет Раде Силјан е добитник на престижната награда "Un poeta per la pace".

Наградата му е доделена во рамките на тринаесеттата меѓународна поетска манифестација која од триесетти ноември до четврти декември годинава се одржа во Трст, Италија. На манифестацијата учествуваа истакнати поети од повеќе европски земји.

Признанието се доделува по седми пат, а на свеченоста организирана по повод овој чин во клубот Театро Верди" стихови од нашиот поет преведени на италијански јазик рецитираше артистот Маурицио Ѕакиња.

Раде Силјан е автор на значаен поетски и критичко-есеистички опус. Добитник е на домашни и странски признанија, а неговите поетски книги се преведени на англиски, руски, италијански, турски, грчки, романски, албански, украински, полски, бугарски, српски и латински јазик.