За Влатко Савка остана најголема љубов
петок, 19 ноември 2010
savka1.jpgДвојката која никогаш официјално не ја потврдија својата љубов решија да си дадат уште една шанса.

Љубовта меѓу нив се роди за време на снимањето на првиот спот на Лозано за песната "Обичен без тебе". Имено, тие двајцата за прв пат се сретнале пред неколку години на едно модно шоу и пејачот се воодушевил од Савка и ја поканил да ја толкува главната улога во неговиот спот. Таа ја прифатила понудата.
" Точно е тоа дека со Савка имавме обид за врска пред дена година, но не ни успеа поради моите многубројни обврски околу кариерата, но секако и поради далечината. Савка живееше во нејзиното родно Валандово, а јас поради обврските најчесто бев во Скопје и немавме време често да се гледаме. Сепак, далечината никогаш не ја намали љубовта помеѓу нас, и иако ја прекинавме врската, чувствата сè уште останаа. Кога минатиот месец поради студиите Савка се пресели во Скопје многу се израдував и знаев дека е време да си дадеме втора шанса. Таа студира комуникации на Штуловиот универзитет, можеме често да се гледаме и убаво ни е заедно. Среќен сум што имам покрај себе некој кој што ме разбира и максимално ме поддржува во она што го работам. Иако уживаме во нашата љубов и пријателите на шега не прашуваат дали наскоро ќе има свадба, сепак им велиме дека сеуште ни е рано, млади сме и засега вака функционираме одлично, ни изјави Влатко.
Лозано моментно работи на својот втор албум чиј продуцент повторно ќе биде Лазар Цветкоски. Ангажиран е и околу подготовките околу ТВ концертот кој што ќе биде емитуван на почетокот на наредната година на една од националните телевизии.

ВЕСТ