Дино Де Лаурентис замина во вечноста
петок, 12 ноември 2010
dino_de_laurentis.jpg Италијанскиот филмски продуцент оскаровец Дино Де Лурентис кој на големото платно донесе над 500 филмови меѓу кои "Серпико", "Трите дена на кондорот" и "Кинг Конг", почина во Лос Анџелес на 91-годишна возраст.

 Де Лаурентис соработуваше на неколку италијански филмски класици, меѓу кои и "Улица" на Федерико Фелини, за кој доби оскар во 1957 година.
Тој се пресели во САД во 70-тите по пропаѓањето на неговите филмски студија во Рим и се префрли на низа големи интернационални проекти, меѓу кои имаше неколку фијаска. Тој работеше и на легендарниот римејк на "Кинг Конг" во 1976 година, филмот за китот убиец "Орка", неколку филмски адаптации на романите на Стивен Кинг и најново на филмот "Ханибал", продолжението на "Кога јагнињата ќе стивнат".