Видео-спот за "Ветрушка"
четврток, 28 октомври 2010
vetruska.jpgОхридските рапери од  Urban Minds пред неколку месеци го објавија  нивниот прв албум додека деновиве го снимија  првиот  видео-спот за песната "Ветрушка". Освен членовите на бендот Горан Гулески и Наум Размоски во спотот се појавуваат уште десетина статисти, а некои од нив се облечени во женска облека.

Спотот го работеше ЕВ продукција и ќе биде промовиран во ноември. Се снимаше 12 часа.