Мараја Кери се ничкоса на сцена
петок, 01 октомври 2010
maraja34.jpgНа сред концерт во Сингапур, Мараја Кери се испружила на сцената колку што е долга и широка. Причината за падот, поради кој таа морала да почека да и помогнат танчерите се високите потпетици. По незгодната ситуација, таа ја повикала својата асистентка да и ги соблече штиклите за да не се повтори падот. Како вистински професионалец, таа кажала дека тоа било дел од кореографијата.

Незгодниот пад се случил на песната 'Make It Happen' во склоп на трката за Ф1, а откако Мараја се ослободила од штиклите продолжила со концертот уште час и половина.