Талибанци го дестабилизираат Кавказ
четврток, 09 септември 2010
kav1a.jpgНајмалку 12 лица загинаа во експлозија во централниот пазар во Владикавказ, a околу 80 се повредени,пренесуваат руските агенции, цитирајќи го министерството за внатрешни работи

Полицијата го чистела пазарот од многуте пазарувачи и продавачи, стравувајќи дека е можна и втора подметната експлозија. Овој пазар инаку е еден од најголемите на кој доаѓаат продавачи и купувачи од целиот регион на Владикавказ.

Според последните извештаи, инцидент се случил во близина на главниот влез на пазарот каде експлодирала направа со моќност рамна на десет килограми тротил.

Агенцијата Интефакс пренесува дека бројката загинати се’ уште не е потврдена и дека има повеќе десетици ранети од експлозијата која се склучила во 11.30 часот по локално време. Полициски извор за агенцијата изјавил дека најверојатно станува збор за експлозивна направа со сатен механизам која се активирала кога на пазарот имало најмногу луѓе.

На местото на нападот пристигнал и претседателот на Северна Осетија, Тајмураз Мамсуров и другите високи републички функционери.

Најкрвавиот терористички акт на овој пазар се случи во март 1999 г., Тогаш загинаа 52 луѓе а 160 беа тешко ранети. За овој напад кој се случи во буквално истото време како и сега, Врховниот суд на Северна Осетија, осуди четворица напаѓачи, еден на доживотен затвор, двајца на 23 години и еден на 10 години затвор.

На  пазарот „Фалој“ исто така во Владикавказ, на 10 ноември 2001 г., загинаа  пет лица  а повеќе од стотина беа ранети со различни степени на тежина.на повредите.

На 28 април 2002 г, во  близина на централниот пазар во Владикавказ, во терористички напад животите ги загубија седум лица и неколку десетици луѓе беа повредени.

На 6-ти ноември 2008 г, во центарот на главниот град на Северна Осетија се случи силна во близина на влезот на  централниот пазар, предизвикана од бомбаш-самоубиец кога загинаа 11 луѓе и 40 беа  повредени