Во Белград погребан Дејан Новаковиќ
среда, 01 септември 2010

dejan600.jpgНа Новобежаниските гробишта во Белград вчера попладне беа погребани посмртните останки на Дејан Новаковиќ,кој на брутален начин во петокот беше убиен кај Поштата во Охрид од група насилници.На погребот присуствувале околу петстотини роднини и пријатели на Дејан,пишува Прес дневне новине.

Погребната поворка ја предводел најдобириот другар на Дејан,а пријателите носеле маици со неговиот лик.

Свештеникот ги повикал пријателите да му помогнат на семејеството на Дејан и да не го заборават после неколку дена.

Прес дневне новине пишува и за контроверзниот Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац за кого  наведува дека најверојатно преку илегален премин побегнал во Албанија.Нему,според овој весник,му помогнале луѓе од "Хавана-Куба Либре".

-Полицијата коректно го заврши својот дел од обврските,а убиството нема врска  со македонскиот народ,бидејќи тоа го сториле насилници од кои се огорчени и самите охриѓани, рекол еден другар на Дејан.

               dejan601.jpg 

 

Пресс дневне новине пишува и за нападот врз охриѓаните Жанко Голабоски и Сашо Робески во Смедеревска Паланка.

Притоа главно се пренесуваат информациите од македонските медиуми.За тоа и ние вчера информиравме.

Последни измени ( среда, 01 септември 2010 )