Двајца охриѓани нападнати во Смедеревска Паланка
вторник, 31 август 2010
udren11.jpgВо саботата, на 28 август, нападнати се двајца македонски државјани, во српскиот град Смедеревска Паланка,јавува Инпрес.

Нападнати се  актерот и радио водител Жанко Зш Голабоски и Саше Робески, двајцата од Охрид, кои биле на свадба во Смедеревска Паланка, кај свои пријатели.

Робески го извлекол подебелиот крај и се здобил со потешки телесни повреди во пределот на главата. Повредени му се едното око и устатата. Бил пренесен во болницата во Смедревска Паланка, каде му е укажана помош и му е издадено лекарско уверение за природата на повредите.

- Без никаква причина, два пати бев удрен во пределот на главата. Повикавме полиција која дојде дури утрото и бевме на болница каде ми ги санираа повредите, изјави за охридското Радио Супер Саше Робевски.

Нападот се случил во сендвичара во Смедеревска Паланка, од лице по име Максим кој работел како судски извршител во ова српско градче, на 80 километри од Белград.

- Ние седевме во сендвичарата со пријатели и со напагачот немавме никаков контакт. Одеднаш почувствував удар во главата. Веднаш потоа го удри и Саше со кого седевме заедно со пријателите од Србија. Настана мешаница во која Саше беше удрен уште еднаш по што падна на земјата и ја повреди главата при ударот, вели Голабоски,пишува Интернет порталот Инпрес.

Последни измени ( вторник, 31 август 2010 )