Балкански општини сами ќе се финансираат
сабота, 26 јуни 2010

istanbul7a.jpg Охрид влезе  во заедничкото тело кое десеттина балкански градови го формираа во Истанбул на првиот Форум за балканска соработка што деновиве се одржува во Бајрампаша, најголемата општина во Истанбул.

Секоја општина,според  градоначалникот Петревски, треба да одвојува пари за ова тело,а заеднички сите градоначалници кои ќе се сретнуваат често, ќе одлучуваат за кои град кога и во која сфера ќе биде насочена одредена инвестиција благодарение на заедничкиот буџет. За Петревски ова е одлична можност градовите на Балканот, да ја подобрат мегусебната соработка, бидејки порано тие соработувале многу подобро отколку сега.

Десеттината градоначалници од Охрид, Битола, Истанбул, Бајрампаша, Крагуевац, Беране, Драч  потпишаа заеднички протокол. Формираа посебен секретаријат, со претседател и потпретеседател кои доплнително треба да бидат избрани ,како и сопствен буџет.