Претседателот на Полска загина во авионска несреќа
сабота, 10 април 2010
kacinski1.jpgПолскиот претседател Лех Качински загина утрово во авионска несреќа близу градот Смоленск,на запад на Русија.Во несреќата животите ги загубиле сите 132-ца патници. Полската делегација летала со авионот од типот "тупулјев-154".Авионот удрил во врвовите на дрвјата,а потоа се запалил.Паднал на еден километар од аеродромот во Смоленск кој бил покриен со магла.

Во леталото била сопругата на Качински Марија ,гуверенерот на Централната банка Славомир Скжипек,началникот на Генералштабот Фрачишек Гагор,заменикот на шефот на дипломатијата Андзеј Кремер и други високи функционери на  земјата.

Качински требало да присуствува на одбележувањето на  70 годишнината од масакрот во Катинската шума,каде што се убиени неколку илјади полски офицери.Причината за авионската несреќа според првите информации му се препишува на пилотот ,кому му било советувано да слета во Минск,но тој решил да го приземји авионот во Смоленск,рекол Андзеј Јевсејников,портпаролот на локалната власт.

Последни измени ( сабота, 10 април 2010 )