Влашкамаалци бараат да се тргне локомотивата
сабота, 27 март 2010

ilija1.jpgВремените објекти што се овде изградени во осумдесеттите години,посебно објектот што го викаме локомотива бараме да бидат остранети,бидејќи се подигнати  без  консултација со жителите од овој дел на Влашкамаала,вели Илија   Миштакоски од Граѓанската иницијатива за претворање на овој простор  кај Чинарот во катче за рекреација   на децата.

Тој смета дека овој простор е тотално деградиран од урбанистички аспект, а станал и место  на собирање на наркомани.

                  ilija2.jpg

Како граѓани бараме на овој дел да му се врати предходниот лик и да биде уреден како парк со клупи и со детски содржини за игра и за забава.Нудиме и Предлог -идејно решение,вели  Миштакоски.

                       ilija3.jpg

                                                              Дел од просторот станал јавен тоалет

Граѓанската иницијатива ја потпишале  над 150 жители од овој дел на Охрид,а за нивниот предлог бил информиран и охридскиот градоначалник со кого неодамна имале средба.