Мишко не го виде врвот Аконкагва
понеделник, 15 февруари 2010
misko3.jpg Охридскиот планинар Мишко Танески не успеа да го совлада Аконкагва, највисокиот врв на Латинска Америка и јужната земјина хемисфера. Иако, Танески заедно со група алпинисти се искачил на 6.250 метри од 6.965 метри високиот Аконкагва, сепак поради безбедносни причини решиле да се откажат од искачувањето.

- Самата експедиција траеше 14 дена, а сето тоа време не следеше невреме со екстремно силен дожд и ветрови што дури ни ги уриваа шаторите. Цели 12 дена не можевме да заспиеме, да одмориме. Во такви естремни услови едвај стигнавме до вториот камп каде чекавме на подобрување на временските услови, што не се случи, изјави Танески.

Танески во моментов се наоѓа во базниот камп „Плаза Аргентинос“ на подножјето на Андите, од каде наскоро ќе тргне назад за Македонија.
Последни измени ( понеделник, 15 февруари 2010 )