Мејси се враќа во Арис
петок, 18 септември 2009
mejsi9.jpgКошаркарот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Македонија - Џеремаја Мејси, најверојатно ќе се врати во редовите на некогашниот клуб Арис, пренесуваат грчките медиуми.

Мејси наскоро би требало да добие "одврзани раце" од Реал, бидејќи новиот тренер на "кралскиот клуб" Еторе Месина, не смета на неговите услуги.

Истите извори наведуваат дека наскоро се очекува официјална потврда од Мадрид дека натурализираниот Македонец е слободен играч, по што се очекува официјализирање на соработката со солунскиот клуб.