Македонија го победи Израел
вторник, 08 септември 2009

mejsi.jpgНајдобрите македонски кошаркари ја забележаа првата историска победа на Европското првенство во Полска и воопшто на Континенталните шампионати, со што си осигураа место меѓу 12-те најдобри селекции на Евробаскетот 2009. Денеска против Израел избранците на Јовица Арсиќ, во вториот натпревар на Европското првенство во Полска ја искористија шансата за поправен по лошото издание вчера со Грција и успеаа да слават со 82:79 во дуелот со стариот должник Израел.

За разлика од вчерашниот меч против Грција, денеска нашите кошаркари одиграа многу подобро, покажаа карактер, психичка стабилност и подобри, како индивидуални, така и екипни квалитети.

По вториот натпревар во Познањ јасно е дека оваа победа ја носи Македонија во втората рунда од Континенталниот шампионат.

Најефикасни во нашата репрезентација на овој натпревар беа Перо Антиќ со 19 поени, Џеремаја Мејси зад своето име запиша 15 поени, Дарко Соколов и Тодор Гечевски беа стрелци на по 9 коша. Повторно одлично беше чуван македонскиот капитен Врбица Стефанов, кој стигна само до бројката од 6 постигнати поени.

Кај репрезентацијата на Израел најефикасен беше Бурштаин со 25 поени, Халперин постигна 20.

Утре, нашата репрезентација го игра третиот и последен меч од првата фаза на Евробаскетот и тоа против Хрватска со почеток од 16:30 часот

Последни измени ( вторник, 08 септември 2009 )