Шпанецот Роиг победи на Охридскиот маратон
вторник, 08 септември 2009
maratonci.jpgПод мото „Пријателството се негува низ спортот" денес на празникот на македонската независност, во Охрид се одржа вториот воено атлетски маратон. На маратонот учествуваа околу 30 атлетичари-учесници од армиите на Македонија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина, а севкупно учествуваа околу 60 атлетичари од повеќе земји.

На патеката долга 31 километар, на плоштадот во Охрид прв пристигна атлетичарот Марк Роиг од Шпанија со време од 1:40.30.

Во армиска конкуренција кај мажите првите три места ги освоија натпреварувачите од Војската на Република Србија, по следниот редослед: прво место Никола Страмениќ од со време 1: 46.53, второ место Горан Чегран со време 1: 50.45 и трето место Александар Нешевски со време 1: 55.29, додека во женска конкуренција најдобра беше Маријана Лукиќ со време 2:07.07 исто така од Војската на Република Србија.

Во екипна конкуренција кај армиските екипи, првото место го освои екипата на Војската на Република Србија, второто место Армијата на Босна и Херцеговина, трето место Армијата на Република Македонија и четврто место Армијата на Република Албанија.