Џеки во љубовна врска со братот на Џон Кенеди
среда, 08 јули 2009
dzeki.jpgЏеки Кенеди имала афера со Боби Кенеди, братот на нејзиниот сопруг, претседателот на САД, Џон Кенеди. Новата книга „Bobby and Jackie: A Love Story“ раскажува за приватниот живот на познатото американско семејство. Според книгата, вдовицата на Џон Кенеди, по смрттна на својот сопруг, имала жешка четиригодишна врска со деверот Боби.

Љубовната врска која била успешно сокриена од јавноста траела се до моментот кога Боби бил застрелан за време на претседателската кампања во 1968 година. Џеки, а не неговата сопруга Етел, била таа која решила братот на Џон Кенеди да биде исклучен од апаратите кои го одржувале во живот.
Етел, мајката на 11-те деца на Боби знаела за аферата, но се трудела да ја игнорира.
- Сите знаеја за аферата иако таа никогаш јавно не беше откриена. Тие двајца се однесуваа како вљубени тинејџери. Мислам дека Боби размислуваше да се разведе од Етел и да се ожени со Џеки, но нормално тоа не беше возможно, изјави Френк Рузвелт Џуниор, кој работеше во Белата Куќа во времето кога Џон Кенеди беше претседател.Џеки ноќите ги поминувала покрај болничкиот кревет на Боби, откако на 4 јули 1968 година беше застрелан од Ширхан Ширан, Калифорнија. Според пишувањето во книгата, Етел дозволила Џеки да биде покрај нејзиниот сопруг и воопшто не се бунела тоа што неговата љубовница го чува во болницата.
Џеки четири месеци по смртта на Боби се омажи со грчкиот бродски тајкун, Аристотел Оназис.