Почнува 48 Балкански фестивал
понеделник, 06 јули 2009

balkan5.jpgВечерва во Охрид,на "Долни Сарај" ќе  биде отворено 48 издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри,најстарата манифестација од ваков вид во градот.

Во 19,30 часот ќе започне фолклорно дефиле низ улиците на Охрид,а во 20,30 часот на "Долни Сарај"  фестивалот се очекува свечено да го отвори претседателот на Собранието на Македонија Трајко Велјановски,

Вечерва целовечерен концерт ќе има нашиот реномиран ансамбал "Танец".

На годинешниот фестивал учествуваат фолклорни ансамбли од Македонија.Бугарија,Полска,Турција, потоа од Хрватска,од Штрбце,Грција, Србија и од Нигерија.

Последни измени ( среда, 26 август 2009 )