Бегајте од неколку типови на мажи
вторник, 09 јуни 2009
aeroprodavnica.jpg

Книгата ,, Bullies, bitches and bastards”, дело на две британски новинарки во една книга ги опишува разните типови на личности со кои што можете да се сретнете во секојдневниот живот. Ајлин Кондон и Аманда Едвардс ве советуваат кои мажи и жени треба да ги избегнувате.

Според нивната категоризација постои определена група на мажи кои што треба да се избегнуваат по секоја цена.

Големи бебиња

Овој маж не прави ништо конструктивно освен тоа што си игра со своите гаџети, слуша музика игра игри. Во меѓувреме очекува да се грижите за него и за неговите потреби. Доколку не сте подготвени да станете дадилка, бегајте што подалеку од него.

Човек од Атлантида

Се појавува а потоа повторно исчезнува. Никогаш не е присутен на вашиот роденден, именден, или празник. Понекогаш ќе се појави но сосема случајно. Овој човек не признава часовник и календар.

Човек за караница

Неговата емотивна температура секогаш се наоѓа на критично ниво. Ужива да се кара и секогаш го подготвува својот напад. Причината не важна. Затоа направете си услуга и заминете додека се уште можете.

Дечко без обврска

Тој инсистира вашата врска да биде без ветувања па макар и да трае пет години. Одбива подобро да се запознае со вашите роднини или пријатели и да ве придружува при поголеми собири.

Шармер

Дава комплименти на секоја девојка до оној момент кога не почувствува дека сте во неговите раце. Откако веќе не сте му интересни преминува на следната жртва која во случајот може да биде и вашата најдобра другарка.

Его Борач

Овој човек е најсебичното суштество на планетата. Неговите приоритети се јасно дефинирани. Тој, тој и само тој. Во борбата за внимание сите се противници, дури и пријателите, децата и вие.