Настраданите патници на "Ер Франс" ги изеле ајкули?
недела, 07 јуни 2009

erfrans.jpgПотрагата по остатоците  од паднатиот авион  на "Ер Франс" и по телата на патниците продлжува со учество на поголем број  бродови и авиони од повеќе земји.Постојат стравувања дека телата или пропаднале во океанските длабочини,,или пак ги изеле ајкули.Потврда за ова нема, но расте нетрпението  кај роднините на настраданите.

"Ер Франс" соопшти дека ќе ја забрза замената на сензорите за брзина на авионите од типот Ербас, по исчезнувањето на А330 над Атлантикот пред една недела.Постојат извесни шпекулации дека податоците на старите сензори можеби го предизвикале падот на авионот во кој имаше 228 патници и членови на екипажот.Истражните органи велат дека сензорите во авионот Ербас А330 давале „неверодостојни податоци“ неколку минути пред исчезнувањето на авионот.

Последни измени ( недела, 07 јуни 2009 )