Дастин слабее со мастурбирање
недела, 07 јуни 2009
dastin.jpgДастин Хофман откри дека редовно мастурбира за да се одржува во форма, а на тој начин полесно ги согорува и калориите.

- Секое утро вежбам, иако ми е тешко. Играм тенис, трчам, но понекогаш и мастурбирам за да ги согорам калориите и да останам во форма, изјави популарниот актер.

Дастин е во брак со Лиса Готсеген и имаат шест деца. Хофман не планира да ја заврши својата кариера се додека е сексуално активен.

- Не знам што е тоа пензија. Разбирам дека луѓето се заморуваат од работа и одат на одмор, но јас уживам да работам. Мислам дека постои разлика меѓу тоа што го работам како работа и она што други го нарекуваат работа. Не сакам да престанам да глумам и не сакам да престанам да водам љубов, тие две работи одат во пакет, рече Дастин.