Јунакот од "Кил Бил" се обесил?
четврток, 04 јуни 2009

dejvid.jpgПознатиот глумец Дејвид Карадин,пронајден е мртов во хотелска соба во Бангкок.Тој бил пронајден обесен,а полицијата претпоставува дека се работи за самоубиство,јавуваат светските агенции.

Карадин (72) на Тајланд го снимал новиот  филм „Stretch”.Тој бил одличен познавач на борачките вештини поради што му е доделена улогата на Кејн во познатата серија "Кунг -фу".Играл во  филмот на Скросезе„ Box­car Bert­ha”, глумел возачи на спортски автомобили во филмските дела „Пол Бар­тел” и „Мр­тва тр­ка”.Многумина сепак го паметат како јунак на Тарантиновото дело "Кил Бил".