Франција го потврди уривањето на нејзиниот авион
среда, 03 јуни 2009

erfrans.jpgФранцуската воена команда потврди дека остатоците најдени вчера во Атлантскиот океан се од патничкиот авион на “Ер Франс“, што исчезна во понеделникот. Според експертите, сите 228 лица во авионот настрадале, а засега не се откриени телата на загинатите. Црните кутии се  претпоставува дека се наоѓаат на околу 2.000 - 3.000 метри длабочина во океанот и нивното вадење ќе биде многу тешко.

Претходно, министерот за одбрана на Бразил, Нелсон Жобим, изјавил дека нема сомневање дека се воочени остатоци од авионот на “Ер Фанс“ во Атлантикот, кој исчезна со 228 патници и членови на екипажот.

Авионот од типот “херкулес“ што учествувал во потрагата на патничкото летало, воочил делови од авионот кај островот Фернандо де Нороња, на 650 километри од брегот на Бразил. Ова потврдува дека авионот паднал во оваа област, истакнал Жобим, на вечерашната прес-конференција.