Сообраќајка на "Туристичка",едни возач..
четврток, 28 мај 2020
turisticka1ww.jpgНа 27.05.2020 година во 18.05 часот, во близина на автобуска постојка на булеварот „Туристичка“ во Охрид, случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило  „Мерцедес“ удрило во патнички автомобил „Фолксваген Поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(61) од Охрид. Истиот, е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ каде е задржан на натамошно лекување. Возачот на возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот. По преземени мерки, констатирано е дека возилото во алкохолизирана состојба го управувал  Б.М.(49) од Охрид.  Тој е исклучен од сообраќај и против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Последни измени ( четврток, 28 мај 2020 )