Промотивен лет на најголемиот електричен авион во све
четврток, 28 мај 2020
promotiven1q.jpgНајголемиот електричен авион на светот денеска ќе го има својот прв пробен лет во американската сојузна држава Вашингтон. Се очекува летот на „цесна караван 208“ да трае меѓу 20 и 30 минути.

Овој авион може да прими девет патници, но на пробниот лет ќе биде само пилотот, кој ќе лета со 183 километри на час.

„Магникс“, компанијата која го создаде електричниот мотор, се надева дека вакви авиони ќе влезат во комерцијална употреба до крајот на 2021 година. Моторот „магни500“ испорачува 750 коњски сили и овозможува да се поминат 160 километри.

Роеј Ганзарски, извршниот директор на „Магникс“, вели дека сегашните авиони се скапи и многу загадуваат.

„Електричните авиони ќе ги намалат трошоците за 40-70% на еден час лет. Тоа значи дека компаниите ќе можат да летаат повеќе авиони на помали аеродроми, без штетни емисии“, смета Ганзарски.

„Магникс“ не е единствената компанија која работи на електрифицирање на воздушниот сообраќај. Вакви проекти развиваат и „Убер“, „Ербас“, „Ролс-Ројс“ и неколку стартап компании.