Кукавица прелетала 12 илјади километри
среда, 27 мај 2020

kukav1.jpgНаучниците објавија дека е завршена една од најдолгите птичји миграции досега забележани.

Со помош на сателитска ознака, тие следеле кукавица на нејзиното 12.000 километри долго патување од Африка до Монголија. Птицата преживеала поминување преку океан и силни ветрови, а на својот пат прелетала 16 држави.

Ова беше епско патување“, изјави д-р Крис Хјусон од Британското орнитолошко друштво, кое учествуваше во проектот.

Онон е една од петте кукавици што минатото лето добиле ознака. Птицата летала илјадници километри над Индиски Океан без запирање, а просечната брзина ѝ била 60 километри на час. Од петте означени птици, само Онон го завршил патувањето, кое почнало од Замбија на 20 март.

Патувањето на птиците се следеше и на социјалните мрежи и Хјусон вели дека овој проект открил многу за преселувањето на долги дистанци.