КОВИД-19 најверојатно ќе ги одложи Оскарите
среда, 20 мај 2020
oskar2019.jpgСледното, 93. доделување на Оскари најверојатно ќе биде одложено поради коронавирусот, јавуваат американски медиуми.

Најголемата ноќ во сезоната на филмски награди треба да се одржи на 28 февруари 2021, но повеќе извори му кажале на сајтот „Вараети“ дека тоа е крајно неизвесно.

„Поверојатно е дека церемонијата ќе биде одложена“, изјавил еден извор, додавајќи дека новиот датум допрва треба да биде утврден.

Академијата за филмска уметност и наука веќе промени некои правила во врска со номинирањето за следните Оскари, па за првпат, предвид ќе бидат земени и филмови кои имале премиера на стриминг сервис, а не во кино. Коронавирусот ја запре целата филмска индустрија, при што беа откажани голем број премиери.