Патиките на Мајкл Џордан продадени за рекордни...
понеделник, 18 мај 2020
patikim1.jpgПотпишани патики на Мајкл Џордан од 1985 година се продадоа на онлајн аукција за рекордна сума од 560.000 долари.

Дел од првата серија на брендот „Најки Ер Џордан“, легендарниот кошаркар на Чикаго булс ги носел овие патики во својата прва сезона во НБА и се очекуваше да достигнат цена меѓу 100.000 и 150.000 долари. Она што е карактеристично за овие патики е што се со различна големина.

Досегашниот рекорд од 437.500 долари го држеше пар тркачки патики „најки мун шуз“ од 1972 година.

Патиките достигнаа рекордна цена среде прикажувањето на документарната серија „Последниот танц“, која се фокусира на последната шампионска сезона на легендарната генерација на Булс.