Почина Томислав Кичеец,доајен на нашата адвокатура
понеделник, 24 февруари 2020
tomislav1ee.jpgВо Охрид вчера почина Томислав Кичеец,доајен на охридската и македонската адвокатура.Кичеец е роден во 1932 година,а Правениот факултет го завршил во Белград.

За време на својата богата кариера бил претседател на Окружниот суд во Струга,судија во Основниот суд во Охрид,а во 1967 година ја отворил адвокатската канцеларија во својот роден град.

Адвокатсктите искуства ги пренесе на својот син Игор  Кичеец,познат охридски адвокат.

Адвокат Томислав Кичеец ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Охрид.