Македонските ракометари за прв пат по 22 години...
вторник, 14 јануари 2020
rakomm1.jpgМакедонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство во Австрија со пораз од домаќинот со 32:28 во третото коло од групата Б. Македонските ракометари не успеаја да ја поминат првата фаза само на дебито на европските првенства, пред 22 години во Италија.

Во Виена, „црвено-жолтите“ победија само на првиот меч, против Украина, за потоа да загубат од Чешка, која игра подоцна со Украина, но тој меч за нас нема значење.

„Долг е патот ако сакаме да направиме добра репрезентација. Дали со мене или без мене, не знам. Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме на едно првенство со подмладување на репрезентација“, изјави селекторот Данило Брестовац по мечот со Австрија.

Од нашата група, Австрија сигурно оди понатаму со максимални шест бода