Украина падна во последната секунда на ЕП во ракомет
сабота, 11 јануари 2020
kire1w.jpgМашката ракометна репрезентација по голема драма во последните десет минути ја совлада Украина со 26:25 на стартот на Европското првенство, чии домаќини се Австрија, Шведска и Норвешка.

Избраниците на Данило Брестовац играа сигурно во поголемиот дел од средбата, особено во одбрана, но на крајот им требаше гол на капитенот Кире Лазаров во последната секунда за да дојдат до првата победа во Виена.

Македонија постојано одржуваше предност од три-четири гола сѐ до 50. минута, кога Украинците првпат успеаја да израмнат и потоа благодарение на неколкуте одлични одбрани на Митревски останавме во игра за победа. Тоа беше потврдено со ударот на Лазаров на самиот истек на средбата.

Вториот меч Македонија го игра в недела, а противникот е Чешка (16 часот).