Македонецот Кулушевски за 35 милиони евра оди во...
петок, 03 јануари 2020
dejank1q.jpgШведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски потпиша за Јувентус во трансферот вреден 35 милиони евра.

Деветнаесетгодишниот играч од среден ред го одигра досегашниот дел од сезоната за Парма, и тоа како отстапен играч од Аталанта и притоа постигна четири гола на 16 средби.

Тој потпиша четири и полгодишен договор со италијанскиот првак, вреден четири милиони евра по сезона. Постои можност Кулушевски да ја доигра сезоната во дресот на Парма.

Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година и пред да се пресели во Италија летоска, настапуваше за шведскиот прволигаш Бромапојкарна. Тој има настапи за репрезентацијата на Македонија за играчи до 17 години, а потоа почна да игра за шведскиот национален тим и оваа година дебитираше и за најдобрата селекција, на квалификацискиот натпревар со Фарски Острови.