Згасна Охридскиот атлетски маратон
среда, 11 декември 2019

peco1q.jpgОхридскиот атлетски маратон згаснува,Нема средства ниту разбирања за оваа голема спортска манифестација по која Охрид стана познат меѓу атлетичарите.За последниот маратон најголем дел од трошоците ги покри Пецо Неданов,претседател на Здружението што го организираше маратонот

“Со големо жалење морам да ги известам сите љубители на маратонското трчање дека дефинитивно традицијата на Меѓународниот Охридски атлетски мратон нема да продолжи во наредната 2020-та година.Со години наназад се боревме и покрај сите неразбирања на наталожените проблеми да ја продолжиме традицијата долга повеќе од 30 години.Во 2020-та требаше да биде 34-ти по ред,но очигледно нашата желба да и покрај минусните салда кој ги правеше маратонот упорно ја продолжуваме традицијата,некој ја сваќаа погрешно во смисол да Ние имаме интерес и затоа ја продолжуваме традицијата”,напиша на својот фејс профил Пецо Неданов

 

Со последното годинешно издание неданов  бил принуден лично да ги исфинансира поголемиот дел од трошоците,а најголемиот дел од нив му се вратиле  скоро 90 дена по завршување на маратонот,а одредени трошоци останале  неисплатени поради намалената сума од предвидената.Тој вели дека не  е во состојба тоа да го правау повторно.

 

“Испративме дописи до одговорните институции и поставивме конкретни прашања со колку средства планираат да не помогнат за наредното 34-то издание,но никој ништо не одговори.Треба ли по два или три пати да го правиме истото и да добиваме празни обеќања е па се уморивме од тоа.Затоа дефинитивно ова е крај на оваа традиција,а да даде господ некој ентузијасти како нас пак после 10 годишна (или дајбоже пократка) пауза ја продолжат традицијата.Ова е маратонот на нашата младост,на првите членови на АК Охрид,и секако дека има многу големо значение за нас,но без поддршка на институциите за жал мора да згасне” вели Неданов

 

“Длабоко им се извинувам на сите маратонци кој се заљубени во оваа трка и кој едвај го чекаат наредното издание како од земјава така и од соседните земји,се надевам дека некој ќе се свести и нема да дозволи да згасне оваа традиција,а дотогаш ви посакувам лесни нозе и уште многу успешни маратонски трки”,порача Пецо Неданов.

 

Охридскиот атлетски маратон се одржуваше повеќе од 30 години.

Последни измени ( среда, 11 декември 2019 )