Шестмина убиени во во болница во чешкиот град Острава
вторник, 10 декември 2019
sestmina1w.jpgНајмалку шест луѓе се убиени во пукањето што утрово се случи во болница во чешкиот град Острава.

Напаѓачот избегал од местото на злосторството и беше пронајден мртов три часа подоцна во својот автомобил. Полицијата објави дека се самоубил.

Според локалните медиуми, пукањето се случило на трауматолошката клиника во рамките на болницата, која сега е целосно затворена. Тој пукал во своите жртви одблиску во преполната чекалница.

„Мотивите за нападот засега не се познати. За жал, изгубени се повеќе животи“, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.