Филмот "Дедо и внук" вечерва во редовниот термин во...
вторник, 10 декември 2019

dedov1q.jpgОткако во петокот се бараше билет повеќе за премерата на "Дедо и внук", вечерва на , 10-ти , филмот е на редовниот репертор при Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Сите заинтересирани можат да го погледнат филмот во текот на следните две недели, а билетите ќе се продаваат по цена од 100 денари. Поради театарски претстави, филмот нема да се прикажува во среда и петок.

 

 

Има ли цена и колку чини детскиот живот? Дали сенките на минатото секогаш и без исклучок не стигнуваат и го задаваат немилосрдниот удар? Вреди ли да се живее без љубов и без болка?

 

Охридскиот режисер Илија Пиперкоски многу одговори на овие прашања дава во неговото најново дело и негов прв долгометражен филм „Дедо и внук“. Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, а монтажата ја направи Данчо Стефков. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и малиот охриѓанец Наум Цветкоски.