Охриѓанец нападнал полицајци и е приведен
понеделник, 09 декември 2019
tepacka1qq.jpgНа 08.12.2019 околу 14.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид во селото Косел, го лишија од слобода И.Ѓ.(57)  поради извршен физички напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија во неговиот дом а по претходна пријава од неговиот син дека, тој ги малтретирал членовите на семејството. И.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.