Охрид СОС бара нов Предлог-закон за легализација на...
понеделник, 09 декември 2019

 ohrid3w.jpgПредлог-законот за легализација на дивоградвите што треба да биде разгледан утре на седницата на Владата е еден од најштетните закони во Северна Македонија,напишаа на својата Феј страна од невладината Охрид СОС.

Македонија,напишаа на својата Феј страна од невладината Охрид СОС.

“Последната достапна верзија од измена и дополна на законот е од 25 октомври 2019 г. каде што освен енормно намалување на глобите за прекршување на законот, нема никакви посебни измени, особено не поврзани со Охридскиот Регион! Тоа значи дека новиот Предлог-закон воопшто не е ни поставен на ЕНЕР!Јавноста е целосно отсечена и целосно и’ е одземено правото да учествува во процесот на усвојување на еден од најштетните закони во Македонија! Затоа, бараме веднаш да биде јавно објавен новиот предлог-текст”,предупредија од  Охрид СОС.

Од оваа невладина организација сметаат дека Министерство за транспорт и врски (МТВ) дека доколку предложи носење на законот по итна постапка во Собрание на Република Северна Македонија ќе го прекрши чл. 170 од Деловникот на Собранието на РМ имајќи ја предвид комплексноста на законот и последиците кои би можеле да произлезат од неговото спроведување.

Од Охрид СОС посочуват и неколку клучни дилеми околу усвојувањето на овој закон.

Ако овој закон нема да важи за Охридскиот Регион, тогаш кој закон ќе важи?Како ќе се третираат новоподнесените барања за легализација во Охридскиот Регион од 01.01.2019 г. имајќи предвид дека со актуелниот закон се опфатени само барањата до 31.12.2018 г.?Охридскиот УНЕСКО Регион се протега на територија на три општини, но не ги зафаќа во целост. Како ќе се регулира легализацијата во овие општини во деловите надвор од УНЕСКО Регионот без да настане хаос поради грешки и/или манипулации?

 

Последни измени ( понеделник, 09 декември 2019 )