Многу мртви во фабрика за училишни торби во Индија
недела, 08 декември 2019
ucilini1w.jpgДесетици луѓе загинаа во пожарот во фабрика за торби во главниот град на Индија, Њу Делхи.

Пожарот во четирикатната зграда во стара, густо населена населба во градот избувнал во утрински часови, во моментите кога во неа спиеле повеќе од 100 работници. Над 60 луѓе биле евакуирани, а потврдено е дека има најмалку 43 мртви.

Индискиот премиер Нарендра Мори го опиша пожарот како ужасен.

Пожарникарите ја примиле првата дојава за пожарот после пет часот наутро по локално време. Тој почнал во долниот дел од зградата и бргу се проширил кон третиот кат, каде што спиеле работниците.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во фабриката во која главно се произведуваат училишни торби.