Измени на сообраќајниот режим на неколку улици
четврток, 21 ноември 2019
izmeni1qbb.jpgСе известуваат сите граѓани на Општина Охрид дека од 26.11 2019 година (вторник)  ќе се извршат одредени измени на режимот на сообраќај во централно градско подрачје  по барање на СВР  Охрид – Одделение за полиција  и тоа:
  • На делот од улицата „ Дејан Војвода“ од пресекот со ул. „Македонски Просветители “ до пресек со ул. „ Абас Емин “ ќе се одвива еднонасочен сообраќај и тоа во насока  од ул. „Абас Емин “ спрема улицата „ Македонски Просветители“;
  • На делот од ул. „ Македонски Просветители “ кај Пожарна  ќе се одвива еднонасочен сообраќај во насока  спрема   улицата  „Абас Емин “ .

izmeni1qb.jpgСе молат сите учесници  во сообраќајот да се придржуваат според измените на режимот на сообраќај.