Зеехофер:Западен Балкан е клучен за стабилноста на...
четврток, 21 ноември 2019

germanska1we.jpg-Во денешно време, на прекугранично организираниот криминал и интернационалниот тероризам може само тогаш адекватно да им се одговори, ако стратегиите за нивно сузбивање се поставени исто така прекугранично,изјави сојузниот министер за внатрешни работи, градежништво и татковина, господин Хорст Зеехофер, по повод потпишувањето на Договорот меѓу Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија за соработка во областа на безбедноста на 20 ноември 2019 г.

-Имајќи го ова предвид, изминатите години склучивме договори за соработка во областа на безбедноста со многу држави од целиот свет.

Денес заедно со мојот колега од Република Северна Македонија го потпишавме Договорот за соработка во областа на безбедноста.

Западен Балкан е клучен за стабилноста на целата Европска Унија. Зад нас има многу пријателска и истовремено успешна соработка меѓу нашите две држави. Таа треба да се прошири, исто така и токму во областа борба против тешкиот и организиран криминал како и тероризмот.

Договорот што сега го склучивме ќе ја даде правната рамка за тоа.

Во суштина, тој содржи одредби за формите, условите и границите на соработка. Предвидена е, меѓу другото, размена на информации за сторители на кривични дела, општа размена на искуства како и спроведување на усогласени полициски мерки од двете договорни страни.

Во иднина меѓу двете наши држави нема само посилно превентивно да дојде до размена, туку тие ќе соработуваат уште потесно и репресивно во истраги и при заштита на сведоци. 

Убеден сум дека Договорот ќе даде значителен придонес за понатамошното подобрување на соработката на нашите земји во борбата против тешкиот и организиран криминал и тероризам, со што ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните,кажа господин Хорст Зеехофер,