Зградата во која е роден Хитлер ќе стане...
среда, 20 ноември 2019
rodenh1q.jpgЗградата во австрискиот град Браунау ам Ин во која што бил роден Адолф Хитлер ќе биде претворена во полициска станица, објавија властите.

Нацистичкиот лидер ги поминал првите недели од животот во стан во зградата од 17. век. Судбината на зградата беше предмет на судски спорови.

Со децении, владата ја изнајмуваше зградата од нејзиниот поранешен сопственик, со цел да се спречи таа да биде светилиште на крајната десница и неонацистите. Своевремено била дневен центар за лицата со попреченост, додека сопственикот ги одбиваше сите владини понуди да биде купена или реновирана. Тоа конечно се случи во 2016 година, кога беше купена за 810.000 евра.

Во австриската јавност имаше поделени мислења за тоа што да се прави со зградата. Едни бараа да се урне, а други сметаа дека може да се пренамени.

„Тоа што зградата во иднина ќе биде користена од полицијата испраќа непогрешлив сигнал дека таа веќе никогаш нема ги буди сеќавањата на национал-социјализмот“, изјави министерот за внатрешни работи Волфганг Пешорн.