Поефтинуваат бензините
понеделник, 18 ноември 2019
benzin44.jpgРегулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата. Согласно денешната одлука од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од минатиот понеделник. Според денешната одлука Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.11.2019 година и изнесува 62,00 ден/литар.