Ученик уби двајца средношколци во Калифорнија
петок, 15 ноември 2019
kalif1q.jpgДвајца ученици се убиени, а три се повредени во пукањето во средно училиште во Калифорнија.

Пукањето се случило во Санта Кларита, северно од Лос Анџелес, 20 минути пред да почне наставата. Убиени се 16-годишна девојка и 14-годишно момче, а 16-годишниот напаѓач, кој е тешко повреден, е приведен.

„Напаѓачот бил ученик во тоа училиште. Тој токму денеска полнел 16 години“, изјави шерифот Алекс Вилануева, не откривајќи го неговиот идентитет.

Безбедносните камери покажаа дека напаѓачот извадил полуавтоматски пиштол од ранецот и застрелал пет ученици, пред да пука во себеси.

Според американски медиуми, оваа година имало 366 масовни пукања во земјата, од кои околу 30 се случиле во училишта, при што загинале 12 луѓе.